Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Од нетранспаретна институција без доверба, МВР сега е во најдобрите три според транспарентноста

„Кога креираме планови за иднината не треба да забораваме од каде тргнавме, која беше основата. Во 2017 МВР беше една од најнетранспарентните институции со историски најмала доверба кај граѓаните од околу 23 отсто, со никаква соработка со науката. Лоши услови за работа и со човечкиот персонал доведен во прашање“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека освен тоа, финансиската состојба на министерството за внатрешни работи била многу лоша, со над 40 милиони евра задолженост.

-Сегашната доверба во МВР е над 50 отсто и сме една од трите најтранспарентни институции. Тоа се должи на добро поставените стратешки цели и реформските процеси кои ги спроведовме, рече Спасовски.

Министерот кажа дека оваа година Северна Македонија ќе биде домаќин на регионалната европска конференција на Интерпол, која ќе се одржи за Денот на полицијата 7 Мај во Охрид.

-Организацијата на оваа конференција е огромно признание за државата и работата на МВР, рече Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен