Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Постојат структури кои не сакаат мирно чествување и сакаат тензии на утрешниот ден

Ги анализираме сите информации и сите податоци со кои располагаат службите, а разменуваме и податоци со колегите од бугарското МВР. Постојат структури кои не сакаат мирно чествување и би посакувале тензии на утрешниот ден. Таквите радикални структури тоа го прават за некакви сопствени потреби“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на Алсат М.

Тој додаде дека сведоци сме на повици од одредени радикални структури, навивачки групи, патриотски институти и слично за некакво чување, но повтори дека тоа е обврска на секој граѓанин и на институциите.

„Да не дозволиме да имаме некаков инцидент, никакво нарушување на мирот и стабилноста и никакво чествување во кое ќе се нарушат чувствата на македонскиот народ и македонската држава“ рече Спасовски.

Министерот апелираше да се смират тензиите, бидејќи нема потреба од тоа и кажа дека постои оперативен план врз основа на кој ќе работи полицијата.

„Не може да има собирања во зоната која се обезбедува. Не може да дозволиме да се организираат собири или било што друго во моменти кога имаме зголемени тензии“ рече Спасовски.

Спасовски нагласи дека во МВР се подготвени да забранат влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот

„Никој не смее да го навредува македонскиот народ, граѓаните на Северна Македонија и државата. МВР е подготвено да забрани влез во државата на секој кој нема да го почитува достоинството на државата и народот“ рече министерот  Спасовски на Алсат М.

Тој додаде дека повеќето навреди минатиов месец доаѓаат од надвор и повика на национално единствно и сплотеност за зачувување на нашиот идентитет, народ, јазик, култура и традиција.

„Државата нема да дозволи некој на било кој начин да го навредува македонскиот народ и македонската држава. Ако е чествување, тогаш нека биде достоинствено“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека е ирелеватно дали Џамбаски ќе доаѓа или некој друг, туку е важно тој што сака да влезе во државата мора да ги почитува македонскиот народ и македонската држава.

Ц. М.

Print Friendly, PDF & Email

Tags: безбедностзабранет влезМВР

Најново