Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски за Преспа форумот: Клучната порака е дека со дијалог се решаваат најтешките прашања

Клучна порака од Преспа форумот е дека со дијалог се решаваат најтешките прашања, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на утринското гостување на МТВ.

– Имавме панел посветен на миграција како предизвик, кој исто како тероризмот, кибер криминалот, и друго, ќе бидат долготрајни борби. Процесот, односно проблемот со миграцијата, кој имаше експанзија во 2016 година, не застанува и денес, а секако ќе продолжи понатаму. Тоа бара заеднички политики и стратегии за тоа како да пристапиме сите. Нема решение на вакви глобални предизвици ако самостојно градите политики. Тоа мора да биде на регионално и глобално ниво да се справуваме со миграцијата, рече Спасовски, додавајќи дека токму дијалогот беше клучниот сегмент на Преспа форумот.

Тој посочи дека генерално Преспа форумот е создаден да се развие дијалог за многу прашања.

– Само преку дијалог се решаваат најтешките и најсложените прашања. Сето друго кое не претставува дијалог, можеби јакне одредени структури во државите, но на крајот немате резултат. Дијалогот секогаш дава резултат. Тоа е клучната порака на Преспа форумот, нагласи министерот Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен