Срби каменувани во Солун, тројца повредени

Доцна синоќа, група од околу четворица – веројатно малолетници – со камења нападнала автобус со српски туристи на автопатот при излез од Солун, на стариот приклучок кон трасата Солун–Верија. Автобусот се враќал од Халкидики кон Србија.

Во инцидентот биле искршени неколку прозорци. Полесно е повреден вториот возач, кој со исекотини во пределот на устата бил префрлен во болница, а уште две патнички добиле полесни повреди и не побарале лекарска помош.

Грчката полиција привела две лица, но поради недостиг на докази биле ослободени. Истрагата продолжува за идентификација на сторителите.

Зачлени се на нашиот е-билтен