Според Надзорната комисија за изборна кампања на Собранието на Србија, изборите на сите нивоа во Србија се оценети како регуларни.
Надзорната комисија за изборната кампања на Собранието на Србија денеска со мнозинство гласови го отфрли предлогот на членот од опозицијата Слободан Првановиќ предвремените парламентарни, покраински и во некои општини и градови и локални избори, кои се одржаа на 17 декември да се оценат како нерегуларни.
Првановиќ во писмена изјава наведе дека на седницата на Надзорниот одбор за изборна кампања, дал предлог одржаните избори да се оценат како „нерегуларни“ во однос на изборната кампања, што го поддржале двајца членови на тоа тело додека четворица биле против.