Србија пред енергетски теснец: лиценца за „Лукоил“ до 21 ноември, НИС со нафта до 25-ти

Србија влезе во критичен рок за снабдување со гориво: американската општа дозвола за трансакции со „Лукоил“ бензински станици надвор од Русија важи до 21 ноември, по што дел од тековните аранжмани запираат. Истовремено, единствената рафинерија во Панчево, управувана од НИС, може да преработува со постојните количини сурова нафта само до 25 ноември, без нови испораки.

Владата во Белград последниве денови донесе административни мерки за олеснет увоз на деривати и тврди дека пазарот е „стабилно снабден“, но признава дека логистиката и набавките се под притисок. НИС извести дека производството се одвива според плановите на кризниот тим – со доволно нафта до 25 ноември – додека нафтените компании го зголемуваат увозот преку соседни пазари.

Ситуацијата дополнително се комплицира откако „Гунвор“ се повлече од зделката за купување на странските актива на „Лукоил“, по сигналите од Вашингтон дека лиценци нема да има – потег што отвора неизвесност околу идното управување со дел од регионалните мрежи на бензински станици.

Домашните медиуми во Србија предупредуваат дека се можни нарушувања на пазарот и поскапувања ако новите увозни рути не се стабилизираат на време. Засега, официјалната поракa е дека нема простор за паника, но роковите се пресметуваат во денови, не недели.

Зачлени се на нашиот е-билтен