Србија е таа која треба да одлучи какви односи ќе има со НАТО, а Алијансата е тука да ја почитуваа таа одлука. Ова беше заклучено на конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“ денес во Белград.
Италијанскиот генерал Џампјеро Романо, кој беше доскорешен шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, рече дека Алијансата ја почитува воената неутралност на Србија, но и дека и покрај тоа можно е да се развива соработка.
„Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република“, рече Романо.
Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, пред се поради бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.
„Не смееме да го заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред“, рече тој.