Српска државјанка нападната во изнајмен стан во Скопје

Триесет и тригодишна жена од Србија била физички нападната во стан што го изнајмувала во скопската општина Центар, а случајот бил пријавен во полиција во раните утрински часови на 16 март. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу полноќ, кога сопственикот на станот наводно физички ја нападнал и недолично ја допирал, а претходно ја вознемирувал и со пораки. 

Според пријавата во СВР Скопје, настанот се случил околу 00:10 часот, а пријавата била поднесена во 01:55 часот. Жената навела дека нападот се случил во станот што го изнајмувала на подрачјето на Центар. 

Надлежните институции информираат дека по пријавата биле преземени активности за расчистување на случајот. Полицијата работи на утврдување на сите околности и детали поврзани со настанот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен