Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со украинската амбасадорка Дир, реафирмирана поддршката против руската агресија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Украина во Скопје Лариса Дир.

На средбата било изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласила нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.

Двете соговорнички размениле мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Сиљановска Давкова ја нагласила македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.

Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова ѝ посакала успешно извршување на функцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен