Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Средба на  Тошковски, Буши и Бојмацалиев со амбасадорот на Република Косово, Чехаја

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска оствариле работна средба со амбасадорот на Република Албанија, Флоријан Чехаја, соопшти МВР.

На средбата министерот Тошковски се заблагодарил за досегашната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи, а особена благодарност упатил за разбирањето што Република Косово го има во однос на проблемот со личните документи.

Амбасадорот Чехаја, се посочува во соопштението, исто така се заблагодари за досегашната богата соработка во сите области, особени во делот на граничното работење и изразил уверување дека во најкус рок по завршување на дополнителните правни процедури ќе отпочне да функционира „one stop shop“ механизмот за преминување на државната граница меѓу двете земји.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев била потенцирана заложбата за спроведување на фер, слободни и демократски избори, што претставува примарна надлежност на оваа техничка Влада, обврзувајќи се на европски изборен процес. 

Зачлени се на нашиот е-билтен