Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Средба Сиљановска-Шекеринска: Единството меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова ги информираше граѓаните за денешната средба со поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. Средбата се остварила во претседателката вила Македонија, откако Шеќеринска беше избрна за заменик – генерална секретарка на НАТО.

Сиљановска-Давкова преку социјалните мрежи соопшти дека имале пријатна средба и плоден разговор, а назначувањето на Шекеринска, порача, е и државно признание.

„Искрени честитки за престижната функција, којашто е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата“, напиша Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен