Денес во Белата куќа се одржа билатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски пред новинарите заврши по нешто помалку од половина час.
За време на средбата, претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерална средба меѓу него, Путин и Трамп
На последното прашање на новинарот, дали Трамп сакал нешто друго од неодамнешниот самит со Владимир Путин, американскиот претседател одговори:
„Тукушто разговарав со претседателот… Тукушто разговарав индиректно со претседателот Путин и ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес. Можеби ќе имаме трилатерален состанок – или можеби не. Ако нема, борбите ќе продолжат. Ако има, мислам дека имаме добри шанси, мислам дека ако има трилатерален состанок, има добри шанси можеби војната да заврши. Но, тој очекува мој повик штом ќе го завршиме овој состанок“, рече Трамп.