Премиерот Димитар Ковачевски на маргините од 4-от Самит на Советот на Европа во Рејкјавик имаше куси средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кру.
![](https://racin.mk/wp-content/uploads/2023/05/kovachevski-makron.jpg)
Ковачевски на фејсбук објави дека имал срдечна средба со Шарл Мишел, како што наведува „голем пријател и поддржувач во нашата стратешка определба за полноправното членство на Северна Македонија во Европската Унија“.
![](https://racin.mk/wp-content/uploads/2023/05/kovachevski-mishel.jpg)
– Нашите меѓународни партнери и поддржувачи го препознаваат напредокот на нашата држава. Во Северна Македонија гледаат сериозен партнер кој се залага за демократија, слобода, мир и негување добрососедски односи.
Европска перспектива на нашата земја е неповратен процес во кој имаме поддршка од нашите европски пријатели, пишува Ковачевски.
![](https://racin.mk/wp-content/uploads/2023/05/samit-evropa-rejkjavik.jpg)
За средбата со Макрон, пак, истакнува дека со францускиот претседател го споделиле оптимизмот за што побрзо членство на Северна Македонија во Европската Унија и за брз реформски процес.
– Во наш интерес е влијателни лидери како што е францускиот претседател да ни бидат поддршка на нашиот пат кон ЕУ, вели Ковачевски.
![Ковачевски и Де Кру](https://racin.mk/wp-content/uploads/2023/05/kovachevski-de-kru-belgija.jpg)
Пред отворањето на Самитот, тој имал средба и со белгискиот премиер Де Кру.
– Драго ми е што Белгија дава огромна поддршка за нашиот европски пат и секако за нашата заложба за реформи. Нашата добрососедска политика со земјите од регионот е добар пример и поздравена и од Белгија, пишува во објавата на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.