Српската опозиција вечерва ќе одлучува за натамошните чекори

 Претставникот на листата „Србија против насилството“, Павле Грбовиќ, изјави дека средбата на опозицијата на која ќе се разгледуваат понатамошните чекори не е почната, но дека е планирана за вечерва.

Грбовиќ рече дека претставниците на листата се обидуваат да се соберат, но дека полицијата го блокирала градот.

– Средбата ќе биде вечерва, очекуваме народ да се собере бидејќи половина град е блокиран, рече Грбовиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен