Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српската полиција ги потисна граѓаните што протестираа во Белград, Дачиќ вели „согласно законите“

Српската полицијата утринава во опрема со штитови ги избрка граѓаните и активистите кои синоќа протестираа против ископувањето на литиум кај железничките станици Белградски центар – Прокоп и Нови Белград. Како што пренесуваат српските медиуми утринава има и приведени лица од организаторите кои не сакале да ги напуштат локациите.

Заменик-претседателката на ССП, Мариника Тепиќ, која ја помина ноќта во станицата Прокоп во Белград кои граѓаните ја блокираа поради несогласувањето со власта за ископот на литиум во земјата, за Н1 вели дека, според нејзините проценки, околу 200 полицајци во полна опрема и уште најмалку 40-50 во цивилна облека биле испратени утринава да ги истераат демонстрантите кои останаа на локациите.

Против граѓаните, како што вели таа, биле испратени кордони од полицајци, како да се најлоши терористи. Таа додава дека полицијата дури и извадила неколку жени од насобраната маса, а при тоа биле уапсени и две лица – Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ утринава изјави дека Министерството за внатрешни работи во согласност со законите на Република Србија и нејзините законски овластувања овозможило непречен развој на железничкиот сообраќај. По повод протестите и блокадите во Белград, за денеска обраќање пред јавноста најави претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Со интервенција на полицијата во 5:30 часот, со строго почитување на полициските овластувања, овозможено е непречено одвивање на железничкиот сообраќај, со што се создадоа услови за нормално функционирање на општествениот живот во интерес на сите граѓани. Полицијата ќе поднесе кривични пријави против сите сторители на кривични дела за прекин на меѓународниот јавен сообраќај и загрозување на безбедноста на граѓаните, се наведува во писмената изјава на Дачиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен