Според тврдења на српски медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа околу 20.00 часот бил киднапиран во Белград.
Според написите во Кајмакоски бил врзан и насила внесен во својот автомобил.
Киднаперите наводно странски државјани, барале откуп од 20.000 евра и со возилото се упатиле кон градот Рума.
Таму тие направиле сообраќајна несреќа по што успеал да ѝ избегаат на полицијата а Кајмакоски бил пронајден врзан во возилото.
Идентитетот на напаѓачите е познат на полицијата – станува збор за двајца турски државјани по кои е покрената итна потрага. Се сомнева дека се вооружени и многу опасни. Полицијата ги блокира сите клучни патишта во Срем, а во операцијата се вклучени кучиња трагачи и беспилотни летала.
Во текот на денот се очекуваат дополнителни детали од српското МВР или од самиот Кајмакоски за целиот случај.
Кајмакоски кој победи на шоуто Х Фактор веќе неколку години живее во Белград.