Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Српскиот премиер Вучевиќ: Мора да има политичка одговорност за несреќата во Нови Сад

Српскиот премиер, Милош Вучевиќ рече дека обвинителството и полицијата во моментов работат на утврдување на кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, но исто така истакна дека мора да има и политичка одговорност, која треба да се утврди објективно во следните денови.

Вучевиќ истакнува дека политичката одговорност треба да биде преземена на мирен и одговорен начин.

„Зборував со претседателот на Србија и таа одлука ќе ја донесеме со ладна глава, рационално, а не со твитови и објави на социјалните мрежи“ изјави Вучевиќ за новинарите во Шангај, каде што учествува на кинескиот саем за увоз.

Според него нема бегање од одлуката за политичка одговорност, но дека треба да се направи прво објективна проценка на состојбите.

„Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука. Не се бега од тоа, не се краде време. Мислам дека најважно е да се разбере болката на семејствата на оние кои настрадаа, да се дозволи она што е дел од обичајот, дел од културата, а тоа е семејствата да можат на мир да ги погребаат и да ги испратат своите настрадани и сите да го почитуваат тоа“ рече Вучевиќ.

Според него многу работи во моментов се непознати, никој ги нема сите податоци и треба да се испита што точно довело до несреќата.

Тој забележа дека има спротивставени мислења од луѓето од струката и дека градежните стручњаци можат да помогнат и да кажат што се случило.

Зачлени се на нашиот е-билтен