Стано: ЕК анализира и бара појаснување за одлуката на Приштина за платниот промет

 Европската комисија  се уште ја анализира одлуката на Приштина за суспендирање на циркулацијата на сите валути освен еврото и бара појаснување за тоа прашање, изјави денеска портпаролот на ЕК Петер Стано. Тој посочи дека се очекува Белград и Приштина да избегнат некоординирани акции. кои не водат до придонес за нормализирање на односите.

„Се уште анализираме и бараме појаснувања за таа одлука, причините (за нејзино донесување), мотивациите и можните импликации, но генерално се очекува Косово и Србија да избегнат некоординирани акции, кои не се соодветни за нормализација на односите и кои би можеле да негативно влијае на стабилноста на теренот“, рече Стано на брифинг со новинарите во Брисел. Тој апелираше до двете страни да се занимаваат со оваа тема во рамките на дијалогот што се води со посредство на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен