Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стано: ЕУ го поздравува противењето на Бајден на Предлог-законот за санкционирање на МКС 

ЕУ со внимание го следи тоа што се случува во САД во однос на Предлог-законот усвоен од страна на Претставничкиот дом за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради одлуката да издаде налози за апсење на високи израелски функционери, изјави денеска главниот портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.  

– Дознавме дека по ова гласање во Претставничкиот дом треба да следуваат други чекори во Конгресот. Со други зборови, никаква одлука се уште не донесена и можам само да кажам дека ние како Европска унија го поздравуваме соопштението на Администрацијата на (претседателот Џо) Бајден дека остро се противи на ваквата одлука на Конгресот, рече Стано. 

Тој додаде дека ставот на ЕУ кон Судот останува непроменет и дека Унијата него и натаму го смета за важен дел од правниот систем и од структурата на меѓународното право. 

– Судот треба да продолжи да работи независно, треба да биде почитуван како независна судска институција и треба да биде независен и непристрасен, додаде Стано. 

Претставничкиот дом на САД доцна синоќа со 247 гласа „за“ и 155 гласа „против“ усвои Предлог-закон за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд (МКС), како одговор на барањето на главниот обвинител на Судот за издавање налози за апсење на високи израелски функционери, вклучително и на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира