Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стано со осуда за упадот на приштинската полиција на северот на Косово

Упадот на косовската специјална полиција во трезорот и филијалите на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово е за осуда и Европската унија наскоро ќе објави официјално соопштение за тоа, изјави денеска портпаролот на ЕК, Петер Стано.

Вака Стано реагираше на новинарското прашање за тоа како ЕУ гледа на ваквата постапка на приштинските власти, бидејќи претставниците на Приштина уште еднаш одбија да прифатат компромисно решение за проблемот со користењето на српскиот динар, по одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот.

Косовската полиција влегла во Трезорот на банката и во нејзините пет други филијали во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Американскиот Стејт департмент објави дека е „разочаран што косовската полиција презеде акција во финансиските институции на северот на Косово, по налог на Министерството за внатрешни работи“.

Американското Министерство за надворешни работи сугерираше дека тоа ги влошува тензиите во Косово. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира