Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стано: В сабота Лајчак во посета на Белград и Приштина

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак на 21 октомври ќе престојува во Белград и Приштина каде ќе има средби  со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, потврди портпаролот на Унијата Петер Стано.

Лајчак в сабота ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот канцелар  и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческа Тал, како и американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

Стано додаде дека целта на посетата е да се постигне конкретен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализација и деескалација по последните настани.

Според Стано, ЕУ, нејзините земји-членки и САД остануваат силни поддржувачи на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и европската иднина на целиот регион.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново