Денес, на Бадник според Грегоријанскиот календар, штрајкот на вработените во „Старбакс“ ќе се прошири на повеќе од 300 кафулиња низ САД, соопшти синдикатот „Обединети работници“.
Синдикатот очекува ова да биде најголемиот штрајк досега во компанијата, со учество на повеќе од 5.000 вработени. „Ова е само почеток. Покажуваме сила,“ изјави еден од баристите во соопштение на синдикатот, кој застапува вработени во 525 кафулиња низ земјата.
Вчера, штрајковите опфатија над 60 кафулиња во 12 големи градови, вклучувајќи Њујорк, Лос Анџелес, Бостон и Сиетл.
Менаџментот на „Старбакс“ изјави дека штрајкот ќе има „многу ограничено влијание“ врз работењето, бидејќи повеќето кафулиња ќе продолжат да опслужуваат клиенти. „Подготвени сме да продолжиме со преговорите кога синдикатот ќе се врати на маса,“ наведуваат од компанијата.
Штрајковите следуваат по неуспешните преговори за зголемување на платите и решавање на други спорни прашања меѓу вработените и менаџментот.