Стармер е „навистина згрозен“ од одлуката на Израел за блокирање на хуманитарната помош за Газа

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека „навистина е згрозен“ од одлуката на Израел да го блокира влезот на помошта за Појасот Газа.

Израел на 9 март соопшти дека го прекинал снабдувањето со електрична енергија за Газа, една недела откако ја прекина испораката на хуманитарната помош.

Стармер истакна дека со блокирањето на помошта се ризикува да се прекрши меѓународното право и дека британската Влада „прави се што може за да ја ублажи таа ситуација“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен