Стартува ЕП во ракомет, Македонија првиот меч го игра утре

Со мечевите Франција – Чешка и Шпанија – Србија, од 18 и дуелите Германија – Австрија и Норвешка – Украина денеска почнува новото Европско првенство во ракомет.

На терените во Данска, Шведска и Норвешка ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.

Македонија настапот на ЕП го започнува утре од 20.30 во дуел со еден од домаќините, репрезентацијата на Данска, по што ќе играме против Португалија и против Данска.

Најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев најави максимална борбеност на утрешниот натпревар со Данска, иако противникот е апсолутен фаворит.

– Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со Португалија и Романија, изјави помладиот од браќата Митеви.

Пласман во финалната фаза ќе обезбедат двете најдобри селекции од групите.

Зачлени се на нашиот е-билтен