Македонскиот олимпиец во нордиско трчање, Ставре Јада на својот втор настап на ЗОИ во Милано Кортина го освои 83.место во трката на 10 километри крос кантри слободен стил.
Тој патеката ја мина за 25:28.9 минути и имаше заостанување од 4:52.7 минути зад победникот Јоханес Хоесфолт Клаебо од Норвешка. Трката ја завршија 111 натпреварувачи а беа пријавени 113.
Јада на Игрите настапи и во спринт трката, додека од нашите олимпијци вчера настап во нордиско трчање имаше и Ана Цветановска.
Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари.

