Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во првите 100 дена наместо да ги намали јавните трошења, владата создаде нови министерства

Соња ТАНЕСКА

Од собраниската говорница во јуни, новиот премиер најави дека неговата генерација политичари нема опција за неуспех и ќе мора да направи големи чекори напред, најави фуриозен почеток на проекти, намалени даноци економски развој, раст од пет отсто на БДП и и зголемување на платите.

Сепак во првите 100 дена на економски план, зголемување на платите се одложи другата година, од ветените 5.000 денари пензионерите добија само 2.500, наместо раст на БДП, земјава се задолжи за кредит со Унгарија во висина од 500 милиони евра, нема ни почеток на реформи на дигитализација, напротив институциите се повеќе се затрупани во бирократија и побарување на документи во хартиена форма, а поради лошите политики и немањето пријателски односи со соседните земји најголемиот удар е што ЕУ и даде предност на Албанија иако бевме на иста „клупа“ за отварање на поглавјата. Северна Македонија остана во чекалната, за нејзиниот напредок не гласање ниту унгарскиот европратеник иако сме најголеми пријатели со Унгарија која иако е европска членка, сепак важи за земја која е свртена кон Истокот.

-Да се држеа малку повеќе или барем 80 проценти до својата програма, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и првите 100 дена ќе беше многу поефикасна на економски план. Се очекуваше многу повеќе од, затоа што сите влади на оваа партија од претходно имаа подобри економски политики и имаа поголема храброст да направат реформи, за разлика од владите на СДСМ коишто повеќе се посветуваат на социјани политики и пакети, вака го оценува за Рацин.мк, економскиот старт на Владата аналитичарот Абил Бауш.

Тој вели дека очекувал дека за почеток ќе ги намалат јавните трошења, намалување на бројот на министерства, а не нивно зголемување, туку да се направи рационализација на владиниот кабинет, нешто што се очекува од десноориентирана политичка партија.

-Очекував дека ќе се намалт и трошењата кои ги имаа некои агенции и јавни претпријатија, но тие првата работа што ја направија е зголемување на Владата, на пример зошто ни е министерство за енергетика, па ние да станеме голем производител на ресурси ни се потребни декади и можеби и никогаш нема да станеме такви, а имаме едно цело министерство, појаснува Бауш.

Според него за побрз развој на економијата и олеснување на бизнисот, како и намалување на сивата економијадигитализацијата, пред се воведувањето на е-фактура се едни од важните работи кои за жал се уште не се ниту спомнати во првите 100 дена.

-Според мене требаше да се зголемат капиталните инвестиции и да бидат поефективни и ефикасни, но тие дури и политички проблем направија со Бугарија поради Коридорот 8 , кој е носечки проект за многу други проекти. Треба да сме крстопат на Балканот и сериозно треба да работиме на двата коридори и 8 и 10, бидејќи само така би имале поголема предност од другите земји, затоа се многу важни и се крвоток на економијата, само што ние не знаеме да го користиме, вели тој.

Аналитичарот Бауш не очекувал дека новата влада ќе го земе унгарскиот кредит и да направи долг како што направила Владата на Љупчо Ѓорѓиевски кога зела тајвански кредит од една милијарда.

– Требаше стандардот да биде дефиниран, секако дека не може наеднаш да се среди, но да има некаков план во првите 100 дена, кога ќе има покачување на плати или пак како ќе оди тоа, дали во сооднос со економскиот раст и развој или паушално, дури и во програмат ги има овие работи. има некои најави за инвестиции но странски директни инвестиции и капитални инвестиции се две сосема работни работи. За да влезе странска инвестиција во Македонија ќе требаат минимум три години да го анализираат пазарот, не зборувам за информатички технологии, туку за реална компанија, за капитална инвестиција се потребни декади за да дадат резултатите, заклучува тој.

Дупката во Фондот ќе расте

Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ (Finance Think) за „360 степени“ велат дека менувањето на курсот кон линеарно зголемување на пензиите несомнено ќе го подобри животниот стандард на пензионерите со ниски пензии. Но, неминовно ќе се прекине позитивниот тренд на намалување на парите од буџетот за Фондот за ПИОСМ.

„Со вакво зголемување на пензиите, таа состојба – колоквијално наречена ‘дупка’ во Фондот за ПИОСМ – значајно ќе се зголеми. Тоа е отстапување од патеката на консолидација од Фондот за ПИОСМ која отпочна по 2019 година, со благата реформа за зголемување на стапките на придонесите и интервенции кај заменските стапки“, велат од „Фајненс тинк“.

Според проценките на „Фајненс тинк“, доколку се напушти актуелниот модел на усогласување за сметка на линеарниот, покачувањето од само 2 500 денари ќе создаде дополнителен трошок од 13,5 милиони евра месечно, односно 160 милиони евра годишно.

„Во моментов, се трошат нешто над 140 милиони евра месечно за исплата на пензиите. Со редовното усогласување, тоа е нешто под 6 милиони евра дополнителен трошок месечно, односно дополнителен трошок од 68 милиони евра годишно. Ако се напушти редовното усогласување, а се примени линеарен метод, дополнителни 2 500 денари по пензионер во септември креираат дополнителен трошок од 13,5 милиони евра месечно, односно 160 милиони евра годишно. Тоа се дополнителни средства од близу 100 милиони евра на годишно ниво (споредено со трошокот за редовно усогласување н.з.). Во март, разликата веројатно ќе биде нешто поголема, бидејќи претпоставуваме дека законското усогласување би било помало. Значи, завршуваме со потреба од додатни 200 милиони евра, што е 12 отсто од сегашните расходи на ФПИОСМ. Тоа е голем износ“, велат од „Фајненс тинк“.

Според „Фајненс тинк“, ова значи дека напредокот од последните неколку години, кога се намалуваше учеството на парите од буџетот во пензиите, ќе биде поништен.

„Моменталните пресметки говорат дека тој дефицит кај ФПИОСМ ќе се зголеми од сегашните една третина на близу 40 отсто“, велат проекциите на „Фајненс тинк“.

Ова го отвора прашањето на кој начин ќе се финансира ваквата мерка. Според „Фајненс тинк“, средствата ќе се покриваат од општото оданочување. Тоа веќе се гледа кај буџетскиот дефицит, ако не се пристапи кон кратења на други места.

„Притисокот врз дефицитот го согледавме за време на сегашниот ребаланс, тој се зголеми од 3,4 отсто на 4,9 отсто, што е раст од 44 отсто. Не е целосно воден од предвидениот раст на пензиите, бидејќи забележете, сега зборуваме само за половина од ветените 5 000 и тоа за преостанати 4 месеци од годината, но ако го пресметаме на годишно ниво, тогаш тоа е значаен притисок. Кај ребалансот, дел од притисокот врз дефицитот доаѓа и од фактот дека претходно проектираниот дефицит претходната влада го истрошила со 71 отсто за 6 месеца од годината, а притоа и не предвидела исплати по однос на веќе преземени обврски“, велат од „Фајненс тинк“.

Според нив, Фондот за ПИОСМ е неодржлив не само на долг рок, туку и на краток рок.

„Ако му речете на ФПИОСМ, не се надевајте на трансфер од буџетот и покривајте пензии само од изворните приходи од придонеси, тој ќе банкротира денес“, посочуваат од невладината.

Нема повиоски плати

Иако Мицкоски вели дека за платите е „подготвен да седне да разговара со синдикалните претставнициасега нема социјалнен дијалог меѓу власта и синдикатите.

Сите вработени бараат значително поголемо покачување на платите од сегашното усогласување, вклучително и на минималната плата која изнесува 22.500 денари, во услови кога вредноста на синдикалната минимална кошница во моментов изнесува 60.570 денари.

Ако четиричлено семејство изнајмува стан, ќе му бидат потребни 75.945 денари, а двајца родители со една просечна и една минимална плата можат да покријат 64.500 денари.

Покачувањата на платите треба да бидат во договор меѓу синдикатите, како што е во Австрија и во повеќето држави од Западна Европа кои имаат високи социјални стандарди, а не за тоа да решава самата влада, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ додавајќи дека тоа е суштината на колективното договарање.

„Некој минимум за (покачување), општо за сите плати и други примања, е инфлацијата од претходната година за да нема губење на куповната моќ. Во Македонија како земја со ниски плати, во принцип треба да биде и повеќе од ова, за платите да почнат да ги стигнуваат европските. Друго правило за покачување е инфлацијата плус растот на економијата, за учеството на платите во БДП да не се намалува“, вели Бранимир Јовановиќ.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) периодов побара Владата во првите 100 дена да ја зголеми минималната плата на 450 евра, наведувајќи дека таа е најниска во регионот и премалку за да овозможи достоинствен живот на работниците.

Сепак, премиерот ече покачување ќе биде можно од следната година со оглед дека Владата претходните два месеца го направила ребалансот на буџетот, со што премиерот рече дека обезбедиле средства за законските усогласувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен