Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СТО: Транспортот на пченица преку Суецкиот канал е намален за речиси 40 отсто

Во првата половина на јануари преку Суецкиот канал е транспортирана само половина тон пченица, што е за 40 отсто помалку од претходно, објави Светската трговска организација.

Причина за намалувањето на количината на жито што се транспортира по оваа рута се честите напади на Хутите врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот залив.

Податоците се засноваат на контролната табла заеднички развиена од Меѓународниот совет за житарици (IGC) и Светската трговска организација, соопшти СТО.

Претходно, шефот на управата на Суецкиот канал Осама Раби изјави дека приходите на Египет од патарини преку Суецкиот канал се намалени за 40 отсто од почетокот на годината во споредба со истиот период минатата година, во 2023 година.

Нападите на јеменските Хути во Црвеното Море, кои во знак на солидарност со Хамас напаѓаат бродови поврзани со Израел, принудија многу бродови да патуваат околу африканскиот Рт на добра надеж кон Азија, наместо преку Суецкиот канал. 

Најново