Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стојковски: Опозицијата ќе биде онолку силна колку што ќе биде активна во Собранието

Андреја Стојковски / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Андреја Стојковски / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Колку ќе биде силна опозицијата во Парламентот зависи од тоа колку ќе биде активна, истакна во интервју за Слободен печат, извршниот директор на Преспа институт, Андреја Стојковски.

„Ако продолжи со истиот пристап и со истите постапки како пред изборите, тоа ќе биде веројатно недоволно или барем ќе недостасува линкот помеѓу граѓаните и опозицијата, бидејќи изборните резултати се повеќе од јасни. Не велам дека ќе остане на тоа и дека нема можност да се развие во една или друга насока но ако се движиме во истата линија по која сме се движеле претходно, ќе останеме на истото ниво, мора нешто да се промени. Кога зборуваме за иднината и како тоа би можело да се развива, веројатно многу е тешко да се прогнозира во државата затоа што станува збор за ниско ниво на политичка култура, за многу слаб или лош јавен дискурс, за политички партии што имаат доста интересен политички живот, со исклучок на некои кои што се константа во политичкото живеење“, рече Стојковски.

Осврнувајќи се на улогата на граѓанското општество, Стојковски е уверен дека и идната власт и идната опозиција во подготовката за изборите имале консултации со невладините организации и дека се запознаени со ставовите на граѓанското општество.

„Што се однесува до граѓанското општество, мојата претпоставка е дека која било партија и идната власт и идната опозиција, во подготовката на нивните изборни програми имале консултации со граѓанското општество и тоа учествувало онолку колку што можело. Ако биле отворени и слушале на сите настани на коишто граѓанското општество ги организирало, имале можност да приберат многу размислувања и да создадат изборна програма која ќе ги отсликува интересите на нивните граѓани, не само на нивните гласачи“, посочи Стојковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен