Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг го поканил Зеленски да учествува на јулскиот самит на Алијансата во Вилнус

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го поканил Владимир Зеленски да учествува на самитот на Алијансата овој јули во Вилнус.

„Го поканив Зеленски на самитот на НАТО во Вилнус во јули. Навистина се надевам дека ќе може лично да присуствува, но, се разбира, тоа ќе зависи од ситуацијата“, изјави Столтенберг за новинарите при посетата на Талин.

Според него, позицијата на НАТО за членството на Украина во Алијансата останала непроменета. Многупати сме изјавиле дека Украина ќе стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е првиот чекор кон обезбедување на зачувување на Украина како независна нација“, објасни генералниот секретар.

Тој додаде дека прашањето за членство нема да се појави доколку не постои суверена и демократска Украина, пренесе РИА

Зачлени се на нашиот е-билтен