Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг: На утрешниот состанок ќе разговараме за Западен Балкан и безбедносните прашања

 – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот. Столтенберг потенцира дека Западниот Балкан е есенцијален за безбедноста во Европа.

На неформалниот состанок, премиерот Димитар Ковачевски утре ќе ги пречека поканетите лидери од Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Столтенберг, кој е во официјална посета на нашата држава, во своето обраќање во Собранието денеска порача дека токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваат на Северна Македонија како членка на НАТО.

-Во последните неколку дена сум во посета на Западен Балкан. Ги посетив Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а утре ќе се сретнам со лидерите на наши сојузници од Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Северна Македонија. Токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваме на Северна Македонија како членка на НАТО. Вие со пример покажувате како луѓето од различни етнички и религиски позадини може да живеат заедно и да градат држава, рече Столтенберг.

Според Столтенберг, Северна Македонија е доказ дека со посветена работа, реформи и посветеност кон вредностите и идеалите на трансатланската заедница како што се слободата, демократјата и владеење на правото, секогаш е возможен напредок.

Тој потенцира дека членството во ЕУ дополнително ќе ја зајакне демократијата, владеење на правото и социјалната правда, а ќе ги зголеми можностите за сите граѓани, особено за младите.

-Ве охрабрувам постојано да работите, како што работевте за членството во НАТО, и да го комплетирате вашето патешествие кон срцето на европското семејство. Членство на НАТО ќе го трасира вашето членство во ЕУ, онака како што беше случај со државите пред вас. Членството во НАТО е добро за Северна Македонија, но добро е и за НАТО. Вашите вооружени сили активно придонесуваат во меѓународниот мир и безбедност, додаде Столтенберг.

Тој потсети дека Северна Македонија веднаш ја осуди агресијата на Русија против Украина и даде значителна воена помош на Украина.

-Секој ден во седиштето на НАТО седите како еднаков член со сите сојузници. Вие сте важен но и доверлив член на трансатланската заедница. Кога Југославија се распадна со колапсот на комунизмот, вашата држава беше единствена која што се здоби со независност, без да биде пролеана ни капка крв. Тоа е огромно достигнување и е пример за другите, рече Столтенберг.

Како што посочи, Северна Македонија е пример за успешно мултиетничко општество. Како што подвлече, Северна Македонија му покажува на регионот, но и пошироко, дека е возможно различностите да живеат заедно во мир и дека има реални и вистински алтернативи како одговор на насилството.

Зачлени се на нашиот е-билтен