Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг: Најдобар пат до траен мир е зголемување на помошта за Украина

Најдобар пат кон траен мир е зголемување на помошта за Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со летонската премиерка Евика Силинија во седиштето на Алијансата во Брисел.

Столтенберг го поздрави придонесот на сојузниците во одбраната на Украина и го истакна почетокот на испораката на тенковите Абрамс од САД. Според него, украинската контраофанзива постигнала траен напредок, а на некои места се преминати и руските одбранбени линии, се наведува во соопштението.

Не гледаме знаци дека (рускиот претседател Владимир) Путин ги променил своите цели. Војната што ја води Русија е најголемата закана за нашата безбедност во последните децении, нагласи Столтенберг.

Најново