Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг смета дека партнерите треба да и помогнат на Украина да победи на бојното поле и да создадат услови за завршување на војната на преговарачка маса според нејзините услови.
Никој не знае како ќе заврши оваа војна… Повеќето војни завршуваат, по правило, на преговарачка маса. Но, мора да се сфати дека она што Украина може да го постигне на преговарачката маса зависи целосно од она што ќе се постигне на бојното поле. Путин не ги промени своите цели: целосна контрола над цела Украина. Затоа, единствениот начин, условот за мирно решение е недвосмислена порака до Путин: тој нема да победи на бојното поле. Мораме да ги создадеме овие услови, изјави Столтенбер за германскиот ТВ канал Велт, пренесува Укринформ.
Тој додаде дека сојузниците и партнерите треба да создадат поволни услови за Украина на линијата на фронтот со обезбедување на потребното оружје.
Според генералниот секретар на НАТО, сојузниците сега разговараат кое оружје да го испратат во Украина и како да обезбедат ефективно функционирање на системите пренесени претходно.
Столтенберг не се согласува со оценката дека актуелната дебата за трансферот на борбени тенкови ја расцепува Алијансата и дека Германија се спротивстави на други земји. Некогаш за донесување такви одлуки потребни се време и консултации, чија содржина не се објавува во јавноста, додаде политичарот.
Генерално, гледаме сериозно зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, така што таа не само што преживува, туку и може да победи во оваа војна… Мораме да одиме напред и да не дозволиме Путин да победи. Тоа би создало многу заканувачка ситуација за нашата безбедност Треба да се погрижиме Украина да победи, рече шефот на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците и партнерите итно да го зголемат износот на безбедносната помош за Украина по состанокот во форматот Рамштајн.
Подготви: Д. Мишев (ЦивилМедиа)