Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг: Сите воени објекти се легитимни цели, бидејќи Русија користи толку различни воени средства за напади врз Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, смета дека одложувањето на испораката на западна муниција во Киев ќе и овозможи на Русија да ја продолжи офанзивата во Украина.

„Ситуацијата на бојното поле станува се посложена. Доцнењето на финансирањето има секојдневни негативни последици на теренот, доцнењето во испораката на противвоздушната одбрана ќе им овозможи на руските ракети да погодат повеќе цели, а доцнењето во испораката на муниција ќе и овозможи на Русија да започне офанзива по целата линија на фронтот. Земјите од НАТО треба да и пружат воена поддршка на Украина“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.

Тој смета дека испораката на оружје за Украина треба да биде задолжителна, а не доброволна. Членовите на Алијансата ќе разговараат за тоа на самитот во САД во јули.

Генералниот секретар на Алијансата смета и дека нападите на Киев врз воени објекти на територијата на Русија се „самоодбрана“.

„Нема да коментирам конкретни цели кои Украина не треба да ги таргетира… Само ќе кажам дека (можните напади на воени објекти на територијата на Русија) се дел од самоодбраната. Сите воени објекти се легитимни цели, бидејќи Русија користи толку различни воени средства за напади врз Украина“, рече Столтенберг.

Столтенберг повтори дека НАТО „не гледа директна закана од напад на Русија“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен