Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повика на поцврсти врски со Јапонија, бидејќи руската војна против Украина ги зголемува глобалните опасности и покажува дека на демократиите им се потребни посилни партнерства.
-Војната во Украина, исто така, покажува дека нашата безбедност е тесно поврзана. Ако претседателот (Владимир) Путин победи во Украина, тоа ќе биде трагедија за Украинците, но исто така ќе испрати многу опасна порака до авторитарните лидери ширум светот, бидејќи тогаш таа порака ќе биде дека тие можат да ги постигнат своите цели ако користат воена сила, рече Столтенберг за време на посетата на воздухопловната база Ирума северно од Токио.
Според него, „војната во Украина не засега сите нас“.
Столтенберг денеска ја започнува посетата на Јапонија, каде синоќа пристигна од Јужна Кореја во рамки на турнејата низ Источна Азија.
Генералниот секретар на НАТО и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција. Јапонија се приклучи на економските санкции воведени кон Русија поради нејзината војна против Украина и обезбеди хуманитарна помош и неборбена одбранбена опрема за Украинците.