Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг за кинескиот мировен план: Пекинг без кредибилитет, не ја осуди инвазијата на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг  изрази скептицизам во врска со планот на Кина да стави крај на војната во Украина, тврдејќи дека Пекинг „нема многу кредибилитет“.

-За предлозите и точките презентирани од Пекинг – Кина нема многу кредибилитет затоа што се уште не ја осудила нелегалната инвазија на Украина, изјави Столтенберг при посетата на Естонија, каде новинарите побараа коментар за кинескиот мировен план, односно документот од 12 точки објавен на веб страната на кинеското Министерство за надворешни работи. 

Документот повикува на обновување на преговорите меѓу Русија и Украина, додека Пекинг истовремено ја повикува меѓународната заедница да „создаде услови“ за овие преговори.

-Кина нема многу кредибилитет бидејќи сè уште не ја осуди илегалната инвазија на Украина. Само неколку дена пред инвазијата, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор за „соработка без ограничувања, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека „воената поддршка за Украина денес – е патот до мировен договор утре“, одговарајќи на тој начин на кинеската критика за испораката на оружје од Запад за Украина. Во исто време, тој ја предупреди Кина да не испраќа оружје во Русија, велејќи дека таквиот потег ќе биде отворена поддршка за нелегалната војна на Русија и кршење на Повелбата на ОН.

-Внимателно следиме што прави Кина и гледаме индикации дека тие би можеле да разгледуваат можности за испраќање смртоносна помош за Русија. Тоа би била многу сериозна грешка, рече Столтенберг.

Зачлени се на нашиот е-билтен