Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле 150.000 британски фунти кај странски патник кој патувал за Лондон, а парите не биле пријавени. Информацијата ја соопшти директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Според постапката предвидена со Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во вредност до 10.000 евра, додека преостанатите 141.315 фунти се привремено задржани. За случајот е поднесена прекршочна пријава.