Она што ја прави оваа изјава вознемирувачка е импликацијата на Џефри Хинтон, дека милиони луѓе би можеле да ги изгубат своите работни места и средствата за живот за да успее бумот на вештачката интелигенција.
Џефри Хинтон, „кумот на вештачката интелигенција“, предупреди дека иднината на вештачката интелигенција значи огромни загуби на работни места.
Во интервју за Блумберг, дадено неодамна, Хинтон вели дека комерцијалниот успех на индустријата за вештачка интелигенција зависи од замената на човечкиот труд, а не од нејзино подобрување.
Тој истакна дека и покрај огромните инвестиции во инфраструктурата на вештачката интелигенција, повратот на инвестицијата засега останува нејасен. Според него, причината е едноставна: ако работите за да заработите пари, еден од најголемите трошоци е човечкиот труд.
Отстранете го тој трошок и бизнис моделот станува многу попривлечен.
„За да заработите пари, мора да го замените човечкиот труд. Мислам дека големите компании сметаат на масовно заменување на работните места со технологија на вештачка интелигенција, бидејќи таму лежат големите профити“, предупредува Хинтон.

Важно предупредување
На новинарско прашање – дали овие масивни инвестиции би можеле да успеат без да го уништат пазарот на трудот, Хинтон со јасна порака:
„Верувам дека не можат. Верувам дека за да заработите пари, ќе мора да го замените човечкиот труд“, рече тој.
Она што ја прави оваа изјава вознемирувачка е импликацијата на Хинтон дека милијарди луѓе би можеле да ги изгубат своите работни места и средства за живот за да успее бумот на вештачката интелигенција.
Ова покренува длабоки прашања за правдата, значењето на работата, социјалната стабилност и дали сме морално подготвени за напредок што остварува профит на сметка на човечкиот живот.
Секако, ситуацијата не мора да се одвива вака. Самиот Хинтон признава дека вештачката интелигенција може да донесе огромни придобивки во многу сектори:
„Не е како нуклеарното оружје, кое е само за лоши работи“, рече тој, обидувајќи се да оправда зошто губењето на едната нога не е страшно, бидејќи би можеле да ги изгубите и двете.
„Тоа е тешка одлука бидејќи од друга страна може да донесе големи придобивки во здравството и образованието. Ќе даде и голем придонес во зголемувањето на продуктивноста во многу други индустрии“, заклучува кумот на вештачката интелигенција.

