Струмички пожарникари извлекле жена која паднала во провалија

Пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица утрово имале сложена интервенција за извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол.

Како што се наведува во објава на Фејсбук на струмичките пожарникари, станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенирале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила.

„Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, посочија од Пожарникари – Струмица, додавајќи дека на лице место присутни биле и екипи на МВР Струмица.

Зачлени се на нашиот е-билтен