Полициските службеници од Струга во текот на вчерашниот ден му ја одзеле пушката на 85-годишен жител на селото Мислешево во Струга. Пушката е со калибар 16 милиметри, а тој е пријавен во полицијата дека токму со ова оружје го убил кучето на неговиот 43-годишен сосед.
СВР Охрид работи на расветлување на случајот.