Студенти од сите делови на Србија денес пешачат кон Нови Сад за да го одбележат едногодишниот спомен на трагичниот настан од 1 ноември минатата година, кога при пад на настрешница на Железничката станица загинаа 16 лица.
Акцијата има симболичен и комеморативен карактер – студентите ја нарекоа „прошетка на солидарноста“, а неколку групи веќе пристигнуваат во градот откако поминаа десетици километри пеш од различни делови на земјата.
Настанот ќе биде одбележан со голем комеморативен собир на 1 ноември во Нови Сад, на кој студентите ќе потсетат на значењето на одговорноста и сеќавањето на загинатите.
