Студентите денеска на своите профили на социјалните мрежи го објавија програмот за одбележување на годишнината од паѓањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица.
Како што е наведено во најавата, собирањето кај станицата е планирано за 11:30 часот, а студентите и граѓаните ќе тргнат кон неа во 10:30 од различни локации низ градот.
Во 11:52 ќе започне 16-минутно молчење во чест на 16-те загинати, кое ќе трае до 12:08, по што ќе следи полагање венци. Главниот дел од програмата е закажан за 13:30, а прикажувањето на документарниот серијал „Прекретница“ во 15:30 часот.
Во 16:30 ќе започне марш до Кејот, каде вечерта во 19:52 повторно ќе биде одржано 16-минутно молчење.
Потсетуваме, студентите од Нови Пазар синоќа беа свечено пречекани во Инџија, каде им се придружија групи студенти кои тргнаа од Белград.
 
				 
				 
															