Во четврток наутро во Чешката Република се случи сериозна железничка несреќа кога два патнички воза се судрија, оставајќи зад себе десетици повредени. Според првичните информации, најмалку пет лица се тешко повредени, а околу 40 патници имаат полесни повреди.
Нesreќата се случила во регион околу 132 километри јужно од Прага, потврдија локалните власти. Веднаш по сударот, на терен интервенирале повеќе тимови на пожарникари и спасувачи кои навреме ги евакуирале сите патници од двата воза, соопштија службите за итни интервенции.
Портпаролката на регионалната болница за агенцијата CTK изјави дека пет лица се примени со сериозни повреди, додека останатите патници добиле медицинска помош на лице место или се пуштени на домашно лекување.
Причината се уште непозната, но има првични индиции
Министерот за транспорт Мартин Купка соопшти дека истрагата е во тек и дека сите релевантни служби работат на утврдување на точните околности што довеле до несреќата.
„Прелиминарните информации укажуваат дека еден од возовите најверојатно поминал покрај сигнал кој бил во позиција стоп“, изјави Купка, додавајќи дека ќе следи детална анализа на сите технички и човечки фактори.
Железничките линии во регионот моментално се затворени, а сообраќајот е пренасочен.

