Судир кај Евзони: едно лице загина, петмина повредени

Тешка трагедија ја потресе северна Грција вчера попладне. На околу три километри од граничниот премин Евзони, на делницата кон Поликастро, две патнички возила се судрија челно. Според официјалното соопштение на полицијата од регионот Кукуш (Килкис), на местото на несреќата животот го загуби еден од возачите, а пет други патници се повредени.

Екипите на брзата помош и противпожарната служба пристигнале веднаш по пријавата. Повредените, меѓу кои има и лица со сериозни трауми, се пренесени во најблиската болница во Поликастро, каде што им е укажана лекарска помош. За моменталната состојба на хоспитализираните не се соопштуваат детали.

Полицијата отвори увид за да ги утврди причините за директниот судир. Според првичните информации, станува збор за преминување на спротивна коловозна лента ‒ најчеста причина за вакви чeлни несреќи на брзите патишта во регионот. Несреќата го блокираше сообраќајот од Евзони кон внатрешноста на Грција повеќе од два часа, создавајќи колона од вoзила кои доаѓаа од македонска страна.

Надлежните апелираат возачите да ја приспособат брзината, особено на делницата Евзони–Поликастро, каде што главната магистрала често се користи како транзитна рута за летните туристички и шопинг-сообраќајни бранови.

Зачлени се на нашиот е-билтен