Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Судир меѓу демонстранти и полицијата во Торино, на протест против политиката на премиерката Мелони

Во Торино денеска полицијата употреби палки во судирот со група демонстранти кои протестираа против политиката на премиерката Џорџа Мелони, јави АНСА.

Повеќе од 300 демонстранти се собраа во центарот на Торино опколени од полициски сили и поставија кордон пред зградата каде што се одржува официјална средба на која присуствува и италијанската премиерка.

Мелони учествува на Фестивалот на регионите (Festivale delle Regioni) во театарот Карињано, во Торино, пренесе АНСА и додаде дека полицијата ги спречи демонстрантите да дојдат до објектот и да ја попречат премиерката во нејзиниот најавен говор.

„Ова е наш град, пуштете не да поминеме“, извикуваа демонстрантите кон полицијата, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Мелони, не си добредојдена во Торино“, пренесе римскиот весник „Република“.

Полицијата беше гаѓања со јајца, околните дуќани беа затворени, а кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, полицијата интервенираше со палки.

Официјално беше објавено дека се повредени најмалку две лица, но демонстрантите тврдат дека во интервенцијата на полицијата се повредени петмина демонстранти.

Демонстрантите скандирааа „пари за училиштата, а не за војна“ и испратија порака дека „Торино не е модна писта за политичарите кои ги оставаат луѓето гладни на улица додека се преправаат дека сакаат да ги решат социјалните проблеми“, а истовремено го скратуваат финансирањето на сите социјални услуги. 

Зачлени се на нашиот е-билтен