Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Судот не го прифати барањето на мајката на Вања – јавноста останува вклучена во судењето


Судот не го прифати предлогот на мајката на убиената Вања Ѓорчевска, јавноста да биде исклучена од судењето за смртта на нејзината ќерка.

Зорица Ѓорчевска преку Основното јавно обвинителство побара јавноста да биде исклучена од судењето за смртта на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски поради заштита на нејзиниот приватен живот а како докази до Судскиот совет биле доставени психијатриски наоди за пост трауматско стресно растројство.

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ рече дека одлуката за исклучување на јавноста ја остава на судот но таа да биде водена од јавниот интерес и од интересот на таткото кој е оштетен и жртва.

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо исто така се противи јавноста да биде исклучена освен можеби на дел од постапката кои се однесуваат.

Љупло Палевски рече дека дека се противи да се затвори постапката за јавноста но нема да бара да сведочи мајката Зорица се со цел дополнително да не се вознемирува.

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Извор: Слободен печат

Зачлени се на нашиот е-билтен