Судот одби спојување на предметите за „Пулс“

Судечкиот совет денеска го одби предлогот на одбраната за спојување на постапката за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ со предметот во кој за истиот случај се обвинети полициски службеници.

Судијката на рочиштето посочи дека во другиот предмет има вкупно 25 обвинети и дека една од постапките веќе е во завршна фаза.

Таквото евентуално спојување би довело до дополнително одолговлекување на двете постапки, што би било спротивно на начелото на економичност и целисходност на кривичната постапка, образлоѓи судијката.

На денешното рочиште, дел од одбраната се пожали дека немала целосен увид во доказите.

Адвокатот Шилегов побара судот да донесе посебно решение и да овозможи увид во другите предмети, тврдејќи дека одбраната во моментов нема пристап до сите докази, бидејќи обвинителството, како што рече, ги користи парцијално.

Зачлени се на нашиот е-билтен