Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Суспендираниот обвинителот Хајрулахи обвинува за политички притисок

„Одлуката е скандалозна поради тоа што главниот обвинител врз основа на записникот на неколку вработени од Вишото обвинителство, кои се жалеле за начинот на кој јас се однесувам, се целосно невистинити, од тоа е покрената кривична пријава истиот ден, на 31 октомври, вели Мустафа Хајрулахи, виш јавен обвинител, кој беше суспендиран од неговата функција.

Тој на прес конференција рече дека се вршеле притисок и манипулации врз него од јавниот републички обвинител, Љупчо Коцевски. Според Хајрулахи, Коцевски цели „да го замолчи и да го отстрани“ праќајќи пораки за заплашување и на други обвинители кои делуваат согласно законот. Во неговата изјава, Хајрулахи истакна дека бил под притисок поради работата за случајот со бонусите на поранешните специјални обвинители. Додаде дека неколку вработени во Вишото обвинителство поднеле пријава за мобинг кон него.

Обвинителот Хајрулахи во Советот за јавни обвинители ја обжали одлуката на Основното обвинителство за неговото суспендирање од функцијата Виш јавен обвинител во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен