На 7 декември годинава со почеток во 19 часот во НУЦК Антон Панов во Струмица, ќе се одржи свечена академија по повод трите јубилеи на општинското основно училиште Св. Кирил и Методија во Дабиле: 160 години од основањето на училиштето, 80 години образование на македонски јазик и 65 години осмолетка.
За големиот јубилеј 160 години од формирање на првото училиште 1865-2025 реферат ке поднесе познатиот фолклорист, патеписец и истражувач Иван Котев, а слово за Св. Кирил и Методиј, и за училиштето што го носи името на светите браќа во Дабиле ќе упати Сузана Мицева.
Во културно уметничката програма учество ќе земаат ученици од школото читајки свои лични творби, а ќе биде поместена и изложба на цртежи со мотиви од училиштето и Дабиле. Музички настап ќе имаат ученици и школскиот хор.
Во уметничкиот дел ке има поетски мигови со истакнатиот поет Георги Барбаровски, а во музички дел ќе настапат нашите познати уметници Васил Атанасов В`чев на обоа, Катерина Гелебешева Костадиновска на пијано и Влатко Митев на фолклорен тапан, изведувајки пригодна програма. Покровител на настанот е Петар Јанков градоначалник на Струмица.

