Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СЗО испорачува помош на север од Газа за прв пат по две недели

 Мисијата на Светската здравствена организација стигна до северот на Газа за првпат по повеќе од две недели, изјави во денеска шефот на СЗО, ,.

Мисијата испорача гориво, болнички кревети, лекови и други медицински материјали во болницата Ал-Ахли, објави Тедрос на „X“.

Тој рече дека залихите се доволни за потребите на 1.500 луѓе, но инсистираше на тоа дека е потребно многу повеќе.

-Болницата Ал-Ахли опслужува двојно повеќе од бројот на луѓе за кои е наменета, без основни хируршки материјали и плати за персоналот. Ниту една операција за спасување не може да се врши во вечерните часови поради недостиг на специјализиран кадар, рече Тедрос.

Тој додаде дека СЗО се обидува да распореди „тим за итна медицинска помош“ таму. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира