На локалните избори 2025 година во Северна Македонија е забележан загрижувачки пораст на бројот на неважечки гласачки ливчиња, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК). Од вкупно 884.851 избирач, дури 53.713 ливчиња биле прогласени за неважечки — што претставува 6,1% од сите гласови.
Најголем дел од нив, над 12.000 ливчиња, се евидентирани во Град Скопје, што претставува повеќе од една петтина од неважечките гласови на национално ниво. Ваквиот тренд повторно го отвора прашањето за изборната едукација, техничките пропусти и можните протестни гласови.
Во споредба со претходните изборни циклуси, бројките јасно покажуваат постојан раст на неважечките ливчиња:
- Локални избори 2017: 11.472 (градоначалници) и 13.367 (советски избори)
- Локални избори 2021: 37.859
- Претседателски избори 2024: 24.305
- Парламентарни избори 2024: 27.127
Аналитичарите предупредуваат дека зголемувањето на неважечките гласови може да укаже на системски слабости во изборниот процес, но и на зголемено незадоволство кај гласачите.
(Извор: ДИК)